Англија
Руни: Би продал петнаесет, а би задржал само двајца играчи од актуелниот тим на Јунајтед

Сер Џим Ретклиф во понеделничкото интервју за „Би-Би-Си“ ги извади на виделина сите проблеми со кои наишол во Манчестер Јунајтед при преземањето на клубот, но при опширното и искрено обраќање, косопственикот на клубот не криеше дека е незадоволен од квалитетот кој го поседуваат дел од актуелните ѕвезди во тимот.
Ретклиф посочи дека Јунајтед во својот состав има недоволно добри и преплатени играчи за кои се уште се трошат пари за нивните трансфери, а оваа негова експлозивна изјава всушност за многумина е најава за коренити промени во летниот преоден рок.
Планот е Ретклиф да му овозможи на Рубен Аморим да си состави тим од играчи кои одговараат на неговите карактеристики, а водејќи се по оваа теза, Вејн Руни смета дека од Манчестер Јунајтед треба да си заминат 10 или 15 играчи.
– Не гледам како овој тим би се вратил на вистинскиот пат, без оглед на тренерот. Изгледаат изгубено и исплашено на теренот. Бруно е играчот кој редовно продуцира, иако на моменти ме нервира, мора да се признае дека секогаш продуцира на теренот.
– Потребни се огромни промени во тимот, мора да се направи ремонт. Од клубот треба да си заминат десет или петнаесет фудбалери. Знам дека не е лесно да се направи тоа, но мора да се оди чекор по чекор. Во овој момент владее атмосфера во која никој не презема одговорност за лошите резултати.
– Од актуелниот тим, би ги задржал Бруно Фернандеш и Коби Мејну. Јунајтед влезе во фаза во која играчите премногу лесно ги губат натпреварите, а потоа велат „нека дојде следниот меч“. Не ми се допаѓа таа култура, тоа е вистинско срање за клуб како Јунајтед. Ни требаат играчи со карактер, играчи кои се подготени да гинат на теренот, – потенцира Руни.
-
Формула 110 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија19 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија24 часа
Реал се закани: Последен пат играме фудбал во вакви услови!
-
Италија18 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Анчелоти бесен: Нема да играме ако ова се повтори!
-
Лига на шампиони22 часа
ЕХФ ги пофали „Чкембари“ и праша: Дали ова се најдобрите навивачи во ЛШ?
-
Шпанија21 час
Мбапе блесна, Реал славеше во Вилјареал по пауза од осум години (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)