Поврзете се со нас

Англија

Руни би прифатил да работи во Сити: Веднаш ќе заминам таму ако…

Објавено

на

Foto:twitter.com/BCFC

Вејн Руни веќе неколку години е во играчка пензија со тоа што по завршувањето на таа приказна одлучи да остане во фудбалот и да работи како тренер.

Англиската легенда досега имаше три епизоди и ги преводеше екипите на Дерби Каунти, Ди-Си Јунајтед и Бирмингем каде беше отпуштен по само 15 натпревари. Повеќе од јасно е дека не е лесно да си тренер без разлика на тоа што си бил фудбалер од светска класа и тоа на своја кожа го чувствува и Руни кој сепак е релативно нов во оваа улога и е подготвен да учи, па дури и да работи во Манчестер Сити, тим кој е голем ривал на Манчестер Јунајтед каде мина дури 13 години од кариерата.

-Дали би прифатил улога на асистент? Зависи. Ако Пеп Гвардиола дојде и побара да му бидам асистент, ќе се прошетам до таму. Ама погледнете што Артета прави и јас силно верувам многу од тоа е од учењето Гвардиола и што правел затоа зависи каква е ситуацијата, -истакна Руни кој е отворен за прифати работа која би му помогнала да напредува како менаџер.

-Се разбира, моето играчко искуство ќе ми помогне, но јас сум веднаш на дното од менаџерска гледна точка и сакам да напредувам. Не се потпирам на она што го направив како играч за да ме одведе на места каде што не треба да бидам, -заклучи Вејн во подкастот „Stick to Football“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни