Свет
Руни ангажираше премиерлигашка ѕвезда во Ди-Си Јунајтед

Вејн Руни ја презема менаџерската функција во Ди-Си Јунајтед, а сега се обидува да повлече и потези со кои ќе зголеми квалитетот кај МЛС екипата.
Денеска, американскиот клуб постигна договор за ангажман на Кристијан Бентеке, повремен белгиски репрезентативец и член на неколку премиерлигашки екипи.
31-годишниот Бентеке ќе биде засилување за нападот на Ди-Си Јунајтед, а потпишал договор до 2024 година, со опција за продолжување на уште една сезона.
Бентеке зад себе има дури десет сезони во Премиер лигата, а настапуваше за Астон Вила, Ливерпул и Кристал Палас, клубот со кој имаше уште една година од досегашниот договор.
Белгиецот постигна 86 гола во Премиер лигата, а најголем успех му беше трансферот во Ливерпул во 2015 година.
Руни претходно во Ди-Си Јунајтед го доведе и Равел Морисон со кој соработуваше во Дерби Каунти.
Benteke on the way 🛫 #VamosUnited || @chrisbenteke 🤳 pic.twitter.com/XcP9rqHi2h
— D.C. United (@dcunited) August 5, 2022
-
Формула 1пред 12 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Шпанијапред 12 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Англијапред 11 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Англијапред 13 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Англијапред 15 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Светпред 23 часа
Батистута: Долго време правевме штета, Меси не е Исус Христос!
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона се впушти во акција за дефанзивец на Вилјареал, „жолтата подморница“ експресно ги „поздрави“ каталонците
-
Англијапред 6 часа
„Марка“: Каземиро размислува за атрактивната понуда која ја добил