Поврзете се со нас

АТП

Руне си посака желба за 2024. година: Финале против Ѓоковиќ на неговиот омилен терен

Објавено

на

Foto: twitter.com/rolandgarros

Холгер Руне се врати во посакуван правец откако отпочна соработка со Борис Бекер и почна да личи на играч кој може да брка највисоки дострели, па добриот крај на 2023-та година го круниса со многу важна вест.

Младиот Данец ја продолжи соработката со легендарниот Германец и потврди дека Бекер ќе му биде тренер и во 2024-та година, а сега си постави и прва голема цел за новата сезона, финале против Ѓоковиќ на неговиот омилен турнир и терен.

Руне има само 20 години и веќе играше во четвртфиналињата на Ролан Гарос и Вимблдон, но засега најслабите резултати ги остварува на Австралија Опен и Ју-Ес Опен, турнири кои се играат на тврда подлога под отворено небо.

– Моја најголема цел во 2024-та година ќе биде да ги подобрам резултатите на тврда подлога под отворено небо. Се покажав добро на земја, на трева и на турнирите кои се играат во сала, сега е време да се покажам и на тврда подлога кога се игра на отворено.

– Затоа ќе кажам, моја желба за 2024-та година е финале против Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен и победа во истото, – вели амбициозниот Руне кој ја заврши оваа година со два порази од Србинот, еден во Париз и еден во Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни