Поврзете се со нас

АТП

Руне објасни зошто ја прекинал соработката со Бекер и Лути

Објавено

на

Foto:instagram.com/borisbeckerofficial

Холгер Руне несомнено е меѓу најталентираните тенисери на светската сцена, но потребен му е дополнителен напредок доколку сака да им парира на ривалите од својата генерација, па и на поискусните предводени од Новак Ѓоковиќ.

Данецот разочара на Аустралијан Опен, а деновиве стана јасно дека решил да ја прекине соработката со тренерите Борис Бекер и Северин Лути, при што првиот работеше со него подолго и се очекуваше дека ќе му биде главен ментор наредниот период.

Руне денеска излезе со соопштение во кое реши да ги објасни причините за промените во стручниот штаб, за да спречи дополнителни шпекулации.

– Како што знаете, пробав повеќе тренерски варијации последните 12 месеци.

– Откако работев со ист тренер изминатите 15 години, не е лесно да се најде перфектен микс од прв обид. Научив многу и сфатив што ми е потребно за да се чувствувам добро и да напредувам, а околу себе посакувам луѓе кои имаат слична визија.

– Сакам луѓе кои добро ме познаваат и кои се со мене постојано, тоа ми дава сигурност во постојаното менување на околината и условите на турнирите. Сакам да им заблагодарам на сите кои досега ми помогнаа, а тука се Ларс Кристијансен, Борис Бекер и Северин Лути, ве сакам. Наскоро ќе информирам за мојот дефинитивен стручен штаб, – напишал Руне во своето отворено писмо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни