Поврзете се со нас

АТП

Рунe: Сите знаеме што се случи, го скандираа моето име

Објавено

на

Данскиот тенисер Холгер Руне му честиташе на Новак Ѓоковиќ по елиминацијата од Вимблдон, но се осврна и на контроверзното скандирање на неговите фанови.

Данските навивачи можат да скандираат продолжено „Рунеее“ што звучи како да викаат „боуу“. Тоа функционираше против Ѓоковиќ, кој им замери на навивачите, но самиот Руне застана во нивна одбрана.
.
– Се започна на УС Опен кога имав 18 години. Тие го скандираа моето име „Руунеее“ и звучеше како „боуу“ Оттогаш сме играле многу пати, во Италија, Франција, сега во Англија. Мислам, ако не знаете за што станува збор, тоа звучи како „боуу“, но сите знаеме што беше, тие го скандираат моето име. Тој очигледно одигра многу натпревари откако последен пат се сретнавме. Ако не се сеќава, веројатно му звучело поинаку. Но, мислам дека тоа не одигра голема улога во натпреварот. Едноставно беше подобар – изјави Руне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни