Поврзете се со нас

Германија

Румениге за заминувањето на Алкантара: Ме чекаше на паркингот, ме прегрна и почна да плаче

Објавено

на

blank

Шпанскиот репрезентативец, Тијаго Алкантара по седум години минати во Баерн Минхен одлучи да ја промени средината и да се пресели во таборот на актуелниот англиски шампион Ливерпул.

Долго време се говореше за овој трансфер, Баерн не сакаше да се ослободи од Тијаго додека не го добие она што го бараше од Ливерпул за да на крајот двете страни попуштат и се затвори оваа зделка. Креативецот многу им бил благодарен на „баварците“ за нивниот потег да го пуштат, а за тоа говори средбата која ја имал со еден од најважните луѓе во клубот Карл-Хајнц Румениге.

-Трансферот се случи во четвртокот. Кога влегов во гаражата десет минути подоцна, тој стоеше на самото место каде што секогаш паркирам. Ми пријде, ме прегрна и плачеше пет минути. Ми рече: ви благодарам што ме пуштивте.

-Бев неверојатно среќен што тој покажа каков квалитет има во Лисабон. Заминувањето е голема загуба за нас, во секоја смисла затоа што тој исто така е одлична личност. Ние го почитувавме тоа што сака да направи нешто ново. Секогаш се однесуваше многу добро. Тој на неверојатен начин се прости од сите вработени. И на мене солзи ми дојдоа. Јас секогаш имав многу блиски односи со него. Тоа беше како семејна врска, -истакна Румениге.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни