Поврзете се со нас

Германија

Румениге за последниот ризичен потег на Баерн: Ќе видиме дали направија добар потег

Објавено

на

Матијс Де Лихт како капитен на Ајакс направи бомбастичен трансфер во Јувентус пред три години и неговиот ангажман ја чинеше „старата дама“ 75 милиони евра, средства кои според многумина тој не го оправда со своите изданија во Италија.

Три години подоцна, Холанѓанецот без големо размислување го напушти Торино и направи нов сензационален трансфер, овојпат во редовите на баварскиот великан Баерн Минхен.

По продажбата на Роберт Левандовски, Баерн не се мислеше многу и вложи 70 милиони евра за Де Лихт, со тоа што трансферот со бонуси лесно може да достигне и 80 милиони евра.

Со овој трансфер, Баерн се чини дека затвора една „дупка“ која се створи пред една година, односно Де Лихт го носи како замена за Давид Алаба кој една година се пресели во Реал Мадрид. Овој ризичен потег на Баерн донесе доста коментари во јавноста, а легендарниот Карл Хајнц Румениге вели дека само времето ќе покаже кој е во право.

– Ќе видиме дали Баерн направи добро со тој потег. Јувентус исто така плати многу пари за него и најверојатно го продадоа бидејќи тој не ги убеди од повеќе аспекти, вклучувајќи ги и финансиските причини. На Баерн му недостасуваше шеф во одбраната по заминувањето на Алаба и поради тоа сега вложи во Де Лихт, – објаснува Румениге кој до лани беше извршен директор во Баерн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни