Поврзете се со нас

Германија

Румениге за новиот тренер на Баерн: Гвардиола ни помогна многу во процесот

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен долго време бараше наследник за Томас Тухел и се чини дека конечно го најде во Венсан Компани.

Досегашниот менаџер на Барнли решил да го прифати големиот предизвик и да го презеде германскиот великан, а Карл Хајнц Румениге денеска како човек со големо влијание во Баерн потврдил дека Белгиецот е пред промоција.

– Нашиот спортски директор го избра Компани. Се уште не е официјално, но остануваат уште само некои детали за комплетирање на договорот.

– Убеден сум дека Компани ќе пристигне во Баерн, а прво што направивме беше да се консултираме со Пеп Гвардиола. Тој зборуваше многу позитивно за Венсан, го имаше како капитен во својот тим, а го следел и како менаџер на Барнли, па ни помогна со своите информации, – рекол Румениге.

Легендата на Баварците дал оценка и за последната сезона, која не донесе нов трофеј за Баерн.

– По единаесет титули по ред, последнава сезона не беше воопшто добра. Во Европа бевме солидни, знаете и како загубивме од Реал. Ќе беше убаво да играме германско финале со Борусија, – истакнал Румениге.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни