Поврзете се со нас

Германија

Румениге за Халанд: Тој нема да остане во Бундеслигата, неговата иднина…

Објавено

на

Ерлинг Халанд е еден од играчите за кого многу ќе се говори и пишува во 2022 година, а причината за тоа е фактот што неговата откупна клаузула ќе биде 75 милиони евра, сума која дефинитивно лесно можат да си ја дозволат најголемите екипи во Европа.

Поради ова се очекува голема борба за потписот на Норвежанецот, па свој збор на оваа тема имаше легендарниот Карл-Хајнц Румениге. Некогашниот извршен директор на Баерн Минхен беше запрашан дали баварците би можеле да го донесат напаѓачот на „Алијанц Арена“, а неговиот одговор беше следен:

-Тој стана лице на лигата. Но се плашам дека тој нема да остане во Бундеслигата. Бројките што кружат покажуваат дека е тешко да се задржи во Германија. Претпоставувам дека неговата иднина лежи во странство, -истакна Румениге.

Пред некое време братот на Румениге, Михаел исто зборуваше за Халанд и порача дека може да го замисли голгетерот во Ливерпул.

Румениге посочи во кој клуб го гледа Халанд во иднина: Тој е феномен, такви играчи се појавуваат еднаш на 30 или 40 години

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни