Поврзете се со нас

Германија

Румениге за ѕвездата на Баерн која вчера беше понижена на „Алијанц арена“: Ме потсетува на Робен!

Објавено

на

Серж Гнабри беше доволно инспириран за да осигура прва победа за Баерн Минхен во Бундеслигата под водство на Јулијан Нагелсман, натпревар на кој германскиот шампион одново не брилјираше и дозволи да прими два гола.

Баварците победија со 3:2 благодарение на двата гола кои ги постигна крилниот напаѓач, но додека Гнабри ги собра аплаузите од „Алијанц арена“, Лерој Сане наиде на доста лош третман од навивачите и добиваше свирежи од трибините.

Крилниот фудбалер никако не може да се адаптира во Баерн Минхен по големиот трансфер кој го реализираше пред една година, а вчера го доживеа најголемото понижување бидејќи фановите го прославија неговото вадење од игра на полувремето. Оваа ситуација предизвика многу коментари во јавноста, а додека Нагелсман и Милер застанаа во одбрана на Сане, легендарниот Карл Хајнц Румениге ја спореди оваа ситуација со една слична од пред 11 години.

– Тоа што го видов не ми се допадна. Навистина ми е жал за него. Се обидува многу напорно и вложува труд, но едноставно нема самодоверба. Не одигра добро на Европското првенство, а со оглед на неговата плата и трансферот кој не чинеше, критиките од фановите полека растат, – вели Румениге за „Билд“ и додава.

– За жал, ситуацијата на Сане ме потсетува на Робен. Арјен имаше ужасен крај на 2012-та година. Промаши пенал во финалето во Лигата на шампионите против Челси и исто така против Борусија Дортмунд. Ова ме потсети на сцената кога Робен беше смртоносно тажен. Тогаш Арјен доби жестоки критики и беше блиску до заминување. Но, ние рековме „НЕ“, тука беше Јуп Хајнкес кој беше максимално амбициозен и заклучи дека Робен е многу важен играч за Баерн. Го поддржавме и една година подоцна ни ја донесе титулата во Лигата на шампионите против Дортмунд, – се потсетува Румениге.

По победата од 3:2, Милер како еден од најискусните во првиот тим на Баерн, побара од фановите да му дадат поддршка на нивниот соиграч.

– Навистина не го сакаме тоа, не беше убаво да се слушнат такви свирежи. Очекувам поддршка од навивачите за сите соиграчи во првиот тим, – изјави Милер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни