Поврзете се со нас

Германија

Румениге „удри“ по првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Германија: Прво треба да…

Објавено

на

Претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге истакна дека е разочаран по последните објави на претседателот на Германскиот фудбаслки сојуз, Фиц Келер.

Келер во изјава за германските медиуми ги критикуваше фудбалерите кои одбиле да им се намали платата во оваа кризна ситуација.

– Богатите фудбалери кои ги покажуваат своите пари треба да бидат многу поскромни, -изјави меѓу другото Келер за „Шпигел“.

На овие коментари веднаш се огласи и Румениге кој за „Скај Германија“ изјави дека претседателот на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) треба прво да си зачисти пред својот двор, а потоа да зборува за други.

– Шокиран сум, тоа се популистички изјави. ДФБ најпрво треба да си зачисти пред својот двор и да се насочи кон својата работа, -истакна првиот човек на Баерн Минхен.

Германската лига конечно се врати по двмесечна пауза, а Баерн Минхен во првиот натпревар по враќањето славеше со 2:0 против Унион Берлин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни