Поврзете се со нас

Германија

Румениге со коментар за статусот на Нојер и трансферот на Сане

Објавено

на

Баерн Минхен навреме го продолжи договорот со Томас Милер, чија соработка со Баварците требаше да заврши ова лето, но тој потег останува да лебди во случајот со Мануел Нојер.

Искусниот голман може да си замине доколку одлучи така, но и покрај шпекулациите, првиот човек на клубот, Карл-Хајнц Румениге смета дека Нојер ќе остане во Минхен.

– Сериозно сум убеден дека тој наскоро ќе ја прифати нашата понуда. Ние ги знаеме неговите квалитети, а тој знае каков статус има во овој клуб, наскоро ќе седнеме на маса да се договориме, – истакнал Румениге.

Тој ги демантирал информациите на „Кикер“ дека Баерн веќе има договор со Лерој Сане.

– Не сакаме да коментираме за фудбалери кои се под договор со друг клуб. Шпекулациите кои ги објавува „Кикер“ се смешни, – дополнил Румениге..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни