Поврзете се со нас

Германија

Румениге: Сите во тимот се лути пред големото дерби со Леверкузен во ЛШ

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Карл Хајнц Румениге долги години беше главен оперативец на Баерн Минхен и на извонреден начин го водеше баварскиот великан, но со цел да се намали штетата која се направи изминативе сезони, легендата се врати минатата година како стручен советник во надзорниот одбор на клубот.

Румениге ги користи сите свои конекции да им помогне на останатите директори кои се задолжени за спортскиот проект, а како човек кој ужива огромна почит во Германија, Карл Хајнц сега направи и најава за тоа што следи, односно големото гермамско дерби во осминафиналето во Лигата на шампиони.

Судбината посака патиштата на Баерн Минхен и Баер Леверкузен да се вркстат уште во раната фаза на натпреварувањето, но според играчката форма во последно време, букмејкерите и експертите блага предност му даваат на актуелниот германски првак.

– Знаете ли што ме прави оптимист во цела оваа ситуација? Фактот што сите го сметаат Леверкузен како фаворит во овој двомеч. Јас го познавам нашиот тим и сите се лути и вознемирени поради тоа. Затоа очекувам следната среда да излезат како прави мажи на теренот и да покажат што имаат пред своите навивачи.

– Работите не изгледаат лошо за нас од спортска перспектива, имаме важна седмица пред себе. Почнуваме во петок со дерби пресметка против Штутгарт во Бундеслигата, а следната недела играме против Леверкузен во Лигата на шампиони. Оптимистички гледам на иднината, очекувам успешна година и титули во скоро време, – вели Румениге.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни