Германија
Румениге разочаран од Вернер: Немав видено еден играч да излегува со вакво соопштение
Тимо Вернер со јасно соопштение во јавноста стави до знаење дека не планира да направи трансфер во Баерн Минхен и нагласи дека неговата иднина е поврзана со предизвик во друга земја и нова фудбалска лига, став со кој изнуди реакција од страна на Карл Хајнц Румениге.
Еден од водечките луѓе на Баерн не е навикнат на вакви јавни излагања во која понуда на великан како Баерн се става во втор план, нагласувајќи дека во фудбалот не треба да се затвори ниту една врата, бидејќи никогаш не се знае што носи иднината.
Со својата изјава, Румениге не криеше дека е разочаран од изјавата на германскиот репрезентативец, кој по се изгледа, во овој момент е најблиску до преселба во Ливерпул.
– Вистина е дека веќе не ме изненадува ништо, но од друга страна пак, никогаш нема видено еден играч да излегува со толку детално соопштение за една вест која беше обична гласина и шпекулација, – изјави Румениге за „Спорт Билд“.
Инаку, Вернер со своите изданија во Лајпциг веќе неколку години е еден од најтрактивните млади напаѓачи, но според најавите, престојново лето конечно би требало да го реализира трансферот за кој подолго време се шпекулира.
-
Балкан18 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет21 час
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација20 часа
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет19 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија17 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан15 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)