Поврзете се со нас

Германија

Румениге призна дека направил една голема грешка по новиот голем триумф на Реал во ЛШ

Објавено

на

Реал Мадрид уште еднаш се прокламираше како најдобар тим и клуб во Европа, откако во саботата вечерта стигна до својата 14-та титула во Лигата на шампионите, рекорд кој „кралевите“ значително го подобрија во последните осум години.

Тимот од шпаската престолнина го освои петтиот трофеј во Лигата на шампионите од 2014-та година и ја потврди својата доминација во ова натпреварување, а дел од навивачите на Баерн имаат и зошто да завидуваат бидејќи двајца фудбалери кои одбележаа убави години во Минхен сега се радуваа како играчи на Реал.

Случајот со Тони Крос е таков веќе од поодамна, но очигледно дека во Минхен посебно ги боли начинот на кој го загубија Давид Алаба, Австриецот кој имаше извонредна прва сезона во Реал Мадрид.

– Многу жалам за заминувањето на Давид Алаба и се извинувам за тоа што се случи. Тој беше главен шеф во одбраната на Баерн и имаше неверојатна сезона со Флик како главен играч во одбраната кога ја освоивме Лигата на шампионите во Лисабон.

– Неговото отсуство во Баерн многу се чувствува и поради тоа навистина жалам за разврската која ја имавме со него, – изјави Румениге, човек кој до лани беше одговорен за сите трансфер операции во Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни