Поврзете се со нас

Германија

Румениге поставил јасен услов за враќање во Баерн: Заминување на Салихамиџиќ

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Крајот на сезоната во Баерн Минхен не мина без турбуленции и покрај тоа што беше заверена нова титула, бидејќи на самиот ден кога се освои трофејот во Бундеслигата, клубот извести за заминувањата на Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ.

Двајцата беа посочени како главни виновници за огромниот пад на тимот во клучниот дел од сезоната и добија откази од страна на Надзорниот Одбор на клубот, кој сега добива старо-нов член во легендарниот Карл Хајнц Румениге.

Човекот кој беше главен оперативец на Баерн пред пристигнувањето на Кан реши да ја прифати поканата на клубот и решен е да му помогне на Баерн, па сега ќе делува како советник при донесувањето на најважните одлуки во првиот тим.

Легендарниот Румениге беше официјално потврден од Баерн во текот на вчерашниот ден и ќе ми помага на новиот извршен директор Јан-Кристијан Дризен, но пред да се врати, поставил еден јасен услов кој на крајот клубот и го исполни.

– Румениге уште на средината на месец април им најави на челниците на клубот дека ќе ја прифати понудата за да биде надзор во одборот, само во случај ако Салихамиџиќ добие отказ. Беше лут на него поради караницата која ја имаше со Ханси Флик кој си замина од Баерн пред две години, – вели изворот на „Спорт 1“, медиум кој прв го најави кам-бекот на Румениге во Баерн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни