Свет
Румениге посебно ја испофали работата на еден европски клуб: Нивните бројки се многу импресивни

Првиот човек на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге упати пофални зборови до спортскиот директор на тимот на Челси, Марина Грановскаја за нејзиното работење во клубот од Лондон.
Челси е еден од ретките светски клубови кои и во период додека во светот беснее пандемија од Ковид-19 има позитивно банкарско салдо. Имено, клубот од Лондон има профит од 32.5 милиони фунти, што не е многу, но е значително повеќе од голем дел од тимовите кои веќе имаа многу загуби.
Румениге потврди дека Баерн Минхен работи со загуба од 4.3 милиони фунти и токму затоа упати доста пофални зборови до Грановскаја.
– Има можеби два или три клубови кои го прескокнаа овој тренд. На пример, бројките на Челси се многу позитивни. Марина заврши одлична работа, но мора да кажам дека во иднина нема да видиме голем профит кај ниту еден клуб, тоа е сигурно.
– Сите со кои зборувам сакаат да ги намалат своите давачки, тоа е случај и со Баерн. Цените на трансферите паднаа со 50% во однос на минатата сезона, но платите останаа исти. Ние на пример имавме играчи кои заедно со нивните агенти не сакаа да го продолжат договорот по истите услови кои досега ги имавме, -изјави Румениге алудирајќи на Давид Алаба кој ќе си оди од клубот по крајот на сезоната.

- Англијапред 21 час
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Италијапред 24 часа
Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер
- Италијапред 18 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Шпанијапред 23 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 23 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Англијапред 22 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 19 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 19 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо