Поврзете се со нас

Свет

Румениге откри за кого навивал во миланското дерби и го посочи својот омилен тим во Серија А

Објавено

на

Карл Хајнц Румениге како главен оперативец на Баерн Минхен ја остави зад себе најуспешната година во историјата на клубот, бидејќи баварскиот великан го освои таканаречениот „секстет“ од титули во сите натпреварувања кои ги играше.

Како актуелениот светски и европски шампион, Баерн вечерва ќе му гостува на Лацио во првиот од двата осминафинални дуели во Лигата на шампионите, а бидејќи ова беше добра можност за италијанските медиуми да извлечат изјава од искусниот и ценет германски работник, му беше поставено и прашање за состојбата на табелата во Серија А.

Интер отиде на плус четири на врвот на табелата по победата над Милан од 3:0 во градското дерби, а Румениге открива дека токму тимот на кој главен оперативец е Бепе Марота е негов фаворит во италијанското првенство.

– Го гледав миланското дерби и мора да ви откријам дека многу ми се допадна резултатот. Му честитав на мојот пријател Марота, среќен сум што после толку години во кои клубот страдаше, сега доживуваат убави моменти. Интер е голем фаворит за Скудетот и од се срце сакам да го освојат, за нив и нивните фанови. Стискам палци за да дојдат до таков успех, – вели Румениге во изјавата за „Скај“, интервју во кое говореше и за Лукаку.

– Лукаку е напаѓач кој работи за тимот, постигнува голови и креира асистенции. Навистина многу ми се допаѓа, пасот за водечкиот гол беше фантастичен и постигна одлична техника, нешто за што често знае да биде непотребно критикуван, – додава оперативецот на баварците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни