Поврзете се со нас

Германија

Румениге откри кој фудбалер го испуштил и кого би довел денеска од Серија А во Баерн

Објавено

на

Поранешниот фудбалер, а подоцна и долгогодишен Извршен директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, во последното интервју зборувал на повеќе интересни теми поврзани со фудбалот.

Румениге открил дека додека бил во Баерн, неговиот клуб не успеал да ангажира актуелен фудбалер на Јувентус, но и дека во моментов најмногу би посакувал играч на Интер.

– Еден од посакуваните, а нереализирани трансфери беше тој на Пауло Дибала. Кога Дибала играше за Палермо, го следевме внимателно, но тој потпиша за Јувентус. Се работи за голем талент кој засега игра променливо, – изјавил Румениге.

– Ако денеска бев се уште во раководството на Баерн, би сакал да го ангажирам Лаутаро Мартинез.

– Се работи за одличен фудбалер, но со оглед дека дел од срцето ми е во Интер (бивш фудбалер на италијанскиот тим), се обидував да не купувам играчи на оваа екипа. Со мојот пријател Бепе Марота реализиравме неколку трансфери (Видал, Коман) кога тој беше во Јувентус, – изјавил Румениге.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни