Поврзете се со нас

Германија

Румениге: Новиот формат на клупскиот мундијал е „светско чудо“, играчите сами си поставија замка

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Карл Хајнц Румениге во своето последно интервју испратил многу комплименти до ФИФА и одлуката за промоција на новиот формат на Светското клупско првенство, кој летово првпат ќе биде реализиран и тоа на американска територија.

Клубови од целиот свет ќе се најдат најпрвин во групна фаза, а потоа и во битка за престижното признание, за што легендарниот Германец смета дека е многу добар потег на одговорните во Светската фудбалска федерација.

– Долго време на ова натпреварување му недостасуваа вистински емоции, а тоа ќе се промени со новиот формат.

– Претходниот формат со седум клубови беше досаден, победникот на Лигата на шампионите најчесто само мораше да отпатува некаде и да потврди уште еден трофеј.

– За мене, активирањето на новиот формат од страна на ФИФА е во рамките на „светско чудо“, првпат натпреварување на репрезентации (Куп на конфедерации) е жртвувано во корист на клупско натпреварување, – рекол Румениге.

Германецот имал порака и за фудбалерите кои се почесто се жалат на натрупаниот календар.

– Фудбалерите треба да престанат да се жалат, бидејќи она што го гледам во преговорите е поврзано со барање за поголеми плати. А, тие пари за поголеми плати треба да се заработат некако, вклучувајќи ги ваквите нови натпреварувања. Фудбалерите фактички сами си поставија замка во желбата за поголем профит, – потенцира Румениге.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни