Поврзете се со нас

Германија

Румениге: Најголема грешка е што во Баерн сега нема хиерархија на теренот

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Карл Хајнц Румениге се врати во Баерн Минхен и е дел од супервизорскиот одбор на клубот, па како важен член од ова тело, легената на баварскиот великан се очекува да повлече и важни потези во периодот кој следи.

Баерн веќе најави дека ќе се раздели со Томас Тухел по крајот на сезоната и веќе почна потрага по нов тренер, а Румениге вели дека најдобро би било ако се најде профил на стручњак како што беше Пеп Гвардиола.

– Факт е дека почнавме често да ги менуваме тренерите. Претходно, имавме периоди кога континуитетот беше подобар и подолг, но тоа беше така бидејќи ги најдовме вистински тренери. Тоа беа Јуп Хајнкес и Пеп Гвардиола. Не е чудо што се уште сум пријател со Гвардиола, вечерв со него речиси секоја недела додека беше тука. Имавме одлична врска и имавме огромна доверба еден во друг. Потребно е да најдеме таков карактер на тренер, што сигурно ќе биде тешко.

– Според мене, хиерархијата во Баерн е многу важна, јас сум апсолутен фан на хиерархијата во еден тим. Тим во кој има хиерархија, секогаш може да очекувате резултати. во 2020-та година имаше хиерархија во тимот. Нојер беше на голот, Алаба во одбраната, Тиаго Алкантара во срердината, Милер како врска во офанзивата и Левандовски во нападот. Според мене, грешка се направи што им се дозволи заминување на играчи кои беа дел од хиерархијата. Истото беше и во мое време, јас се приклучув на првиот тим на 18 години, но во составот имаше играчи како Мајер, Бекенбауер и Милер, тие беа газди на теренот. Сите работевме за нив и имаше хиерархија. Секогаш кога имало функционална хиерархија во Баерн, клубот секогаш бил успешен, – додава Румениге, кој полека се подготвува за предавање на тронот на Баер Леверкузен.

– Сите во Германија почнуваат да слават бидејќи нема да ја освоиме титула после цели 11 години. Леверкузен најверојатно ќе ја освои титулата и тие заслужено ќе го направат тоа. Не само што играат успешен, играат и атрактивен фудбал. Ако Леверкузен ја освои титулата, не треба да се прават драми, мора да го прифатиме тоа со стил и да се потсетиме дека освоивме 11 пати по ред. Ќе треба да наведнеме глава и напорно да работиме, па повторно да победуваме во годините кои претстојат, – заврши Румениге.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни