Поврзете се со нас

Свет

Румениге му одржа лекција на Перез како најголем поборник на Супер лигата

Објавено

на

Најавената европска Супер лига по се изгледа траеше само 48 часа, откако оваа идеја која и беше откриена на јавноста во неделата е пред вистински колапс по откажувањето на сите шест клуба од Островот.

Натпреварувањето предводено од Флорентино Перез кој се претстави како претседател имаше 12 потписници како основачи, но сега сето тоа е преполовено бидејќи сите шест клуба од Премиер лигата одлучија да го свртат грбот на Супер лигата која го навлече револтот меѓу фудбалските ескперти и искрените фудбалски фанови.

Манчестер Сити прв повлече нога со официјално соопштение за напуштање на проектот, а на полноќ пристигнаа и официјални повлекувања од Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Челси и Тотенхем, што во превод значи дека проектот на Перез и Ањели е пред целосен колапс. Перез имаше закажано ексклузивно интервју за „Ларгеро“ на полноќ, но поради потегот на Англичаните, истото го откажал и не се појавил во емисијата за да се надополни на она што го кажа вчера.

Првиот човек на Реал Мадрид се презентираше како спасител на фудбалот со инвестицијата од неколку милијарди долари, посочувајќи дека во фудбалот се потребни многу поголеми приходи од оние кои ги дава Лигата на шампионите и УЕФА како одговорно тело. Најголем противник на Перез од прв момент беше Карл Хајнц Румениге, извршниот директор на Баерн кој ја одби идејата за Супер лигата, а кој сега и му одржа лекција на Флорентино за тоа што треба да направи за да ги намали долговите во неговиот Реал Мадрид.

Баерн Минхен е познат како клуб кој има свои вредности и свои принципи и е еден од ретките великани кои работи ликвидно и без загуби во моменти на пандемија, па Румениге му препорача на Перез дека најдобро ќе биде да ги намали своите трошоци и да се откаже од астрономските плати кои им ги дава на фудбалерите. Европскиот првак е навистина добар пример за тоа дека не толерира прекумерни барања, па откако лани лесно се откажа од Тиаго Алкантара, оваа сезона се збогува со Давид Алаба и Џером Боатенг чии барања не се поклопуваа со финансиската стратегија на баварците.

– Треба да генерираме повеќе приходи? Не се согласувам со Перез. Она што треба да го направиме е да ги намалиме трошоците, треба сите да се вратат на тој концепт, – потенцира Румениге кој претходно во своето прво соопштение во кое се покажа како поборник кон Супер лигата, нагласи дека европскиот фудбал мора да се ослободи од провизиите кои ги бараат агентите и да се намалат платите кои ги добиваат фудбалерите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни