Поврзете се со нас

Шпанија

Румениге: Ла Лига си даде неверојатен автогол!

Објавено

на

После цели 30 години како фудбалски директор, Карл Хајнц Румениге го имаше првото лето во кое не мораше да мисли на најважните случувања во Баерн Минхен, бидејќи на почетокот на месец јули, својата функција на извршен директор му ја предаде на Оливер Кан.

Како огромен фан на фудбалот, Румениге не може толку лесно да се оттргне од германската и светска спортска јавност, па после низата коментари за случувањата во Баерн и европскиот фудбал, во последното ексклузивно интервју за „АС“, даде искрен коментар за големата загуба која ја претрпе шпанскиот фудбал.

Румениге не може да поверува каков автогол си дале Хавиер Тебас како претседател на Ла Лига и сите останати негови соработници, бидејќи поради административни работи и финансиски фер плеј, дозволија заминување на Лионел Меси кој сакаше да остане во Барселона.

– Во период од три години, Ла Лига ги загуби своите две заштитни лица, своите презентери. Кристијано си замина тогаш во Јувентус, а Меси сега во ПСЖ.

– Двајцата оставаат празен простор од неверојатен размер кога е маркетингот во прашање и тоа никој нема да може да го пополни сега во Шпанија. Секој може да каже што мисли, а јас сметам дека Ла Лига си даде неверојатен автогол со тоа што ја принуди Барселона да се ослободи од Меси поради финансиски фер-плеј, – вели Румениге.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни