Поврзете се со нас

Германија

Румениге индиректно најавува продажба: Не планираме да ги загубиме Тиаго и Алаба без отштета

Објавено

на

Карл-Хајнц Румениге денеска отворено признал дека Тиаго Алкантара побарал да му биде дозволен трансфер во друг клуб, но засега нема конкретни преговори.

Извршниот директор на Баерн Минхен зборувал за трансфер стратегијата на клубот, а меѓу темите биле и трансферите на Тиаго и Иван Перишиќ кој сезонава беше позајмен од Интер.

– Тиаго Алкантара и Давид Алаба се одлични момци, на и надвор од фудбалскиот терен, но мора да најдеме соодветно финансиско решение. Сите знаат дека им останува една година од договорите и ние не сакаме да преземаме никакви ризици, – изјавил Румениге, кој индиректно најавил дека двајцата веројатно ќе бидат продадени.

– Тиаго сака да замине иако ги исполнивме неговите финансиски услови, очигледно сака ново искуство. Ќе бидам јасен и ќе кажам дека не планираме да го загубиме без отштета.

– Што се однесува до останувањето на Перишиќ, засега немаме донесено конечна одлука, – вели Румениге.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни