Поврзете се со нас

Германија

Румениге: Имам само еден совет до Баерн за Левандовски и Халанд

Објавено

на

Карл Хајнц Румениге како доскорашен клучен човек за најважните операции во Баерн Минхен бил гостин во неделната емисија на „Скај“ посветена на актуелните случувања во Бундеслигата, обраќање при кое легендарниот оперативец на баварците направи споредба меѓу двете најголеми ѕвезди кои играат во Германија.

Румениге беше наследен од Оливер Кан на круцијалната функција во Баерн Минхен и легендарниот голман има одврзани раце за носење важни одлуки, но Карл Хајнц сега му испрати еден искрен совет кога е во прашање можен тандем меѓу Левандовски и Ерлинг Халанд.

– Баерн Минхен го има Роберт Левандовски и треба да биде мирен. Левандовски е подобар од Халанд. Мислам дека ќе биде вистинско лудило да се имаат двајцата во ист тим, но сметам дека тоа не може да се случи. Еден секогаш ќе биде на клупата, а тоа е недопустливо.

– Можам да испратам само еден совет до Баерн за Левандовски и Халанд. Баерн мора да го задржи Левандовски бидејќи тој е подобар за тимот, – потенцира Румениге кој не штедел комплименти и за Роналдо.

– Кристијано едноставно нема граница, не постојат граници за него. Кристијано Роналдо е извонреден пример за успешен фудбалер, вистински пример за младите, – заклучува легендата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни