Поврзете се со нас

Англија

Румениге го отпиша Ливерпул од трката за Халанд: Многу добро го знам нивниот сопственик…

Објавено

на

Ерлинг Халанд е еден од играчите за кого се очекува да се води страшна битка во 2022 година, година во која неговата откупна клаузула ќе биде 75 милиони евра и поради тоа се очекува за неговиот потпис да притиснат сите европски гиганти.

Медиумите во таа група на заинтересирани често ги ставаат Баерн Минхен и Ливерпул, но според легендарниот Карл-Хајн Румениге тоа е сценариот кое е тешко остварливо.

Според него тоа нема шанси да се се случи, но затоа нема да биде изненадување ако Норвежанецот заедно со Килијан Мбапе завршат во Реал Мадрид.

-Со Левандовски го имате најдобриот центарфор во светот. Халанд e на втор место. Мислам дека Баерн е заинтересиран Роберт да остане и по крајот на договорот во 2023 година. Халанд е инвестиција. Мислам дека не оди ниту во Ливерпул. Го познавам сопственикот многу добро и не е познат по отворањето на сефот за пари.

-За Халанд не би го отпишал Реал. Можеби тие ќе го отворат ќесето уште малку на лето и евентуално ќе ги добијат Халанд и Килијан Мбапе, -вели некогашниот оперативец на „баварците“.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни