Поврзете се со нас

Германија

Румениге го издвои најважниот играч во Баерн: Тој е душата на овој тим!

Објавено

на

Томас Милер одново постигна гол против Барселона и стана играчот кој дал најмногу погодоци против каталонскиот гигант во европските натпреварувња (седум), откако вчера го отвори резултатот на дерби пресметката на „Камп Ноу“ која беше прилично еднострана во корист на гостите од Минхен.

Милер со доста среќа ја најави сигурната победа на Баерн од 0:3 и повторно се израдува на погодок против ривалот кој очигледно навистина му лежи, а бидејќи доста често знае да биде заобиколен од јавноста кога се во прашање сите големи успеси на клубот од „Алијанц арена“, легендарниот Румениге сега го испофали својот сакан сонародник.

Доскогашниот извршен директор на Баерн смета дека Милер е најважниот играч во тимот, не само поради своите квалитети на теренот, туку и поради мотивацијата која ја носи како лидер во соблекувалната.

– Томас Милер е човек кој функционира како само-мотиватор, но ги мотивира и сите околу себе. Тој доби најмногу од тренерската смена Ковач-Флик.

– Тој е многу важен играч, најверојатно и најважен за Баерн. Тој е душата на овој тим, со нас е од самиот старт и претставува симбол за Баерн, – вели Румениге во интервјуто за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни