Поврзете се со нас

Германија

Румениге: Благодарни сме што Бундеслигата ќе се реши на терен

Објавено

на

И официјално оваа сезона во Бундеслигата ќе се доигра, а тоа го потврди и германската влада на чело со канцеларката Ангела Меркел.

Бундеслигата од месец март е суспенпедиран поради коронавирусот, но сега ситуацијата е под контрола и веќе во втората половина на овој месец треба да се врати фудбалот, а поради тоа пресреќен е еден од најважните луѓе во таборот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге.

-Би сакал да им се заблагодарам на политичарите за денешната одлука која овозможува сезоната во Бундеслигата да се одигра до крајот. Сега со нетрпение очекуваме да продолжиме да играме, идеално од средината на мај. Ова осигурува дека спортските одлуки ќе се донесат на теренот, а не на маса, -истакна Румениге кој им порача на сите да се дадени упатства кои се основа за продолжување на шампионатот.

ДФЛ ќе има состанок во четврток, на истиот ќе учествуваат претставници од сите 36 клуба во првите две лиги и се очекува да бидат договорени сите детали, точни датуми, распоредот за лигашкиот дел, но и за завршницата во Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни