Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Румениге: Бев изненаден од тоа што го видов во соблекувалната по големата победа над Барса

Објавено

на

Играчите на Баерн Минхен и тренерот Флик се обидоа да останат прибрани по вчерашната неверојатна победа над Барселона и да не велгуваат во преголема еуфорија, бидејќи и самите знаат дека пред себе имаат се уште преголем пат во Лигата на шампионите.

Нестварната победа од 8:2 секако ќе остане впишана во историските читанки на најелитното натпреварување, но дефинитивно целта на Баерн Минхен е да стигне до големото финале и да го освои трофејот на завршниот турнир во Лисабон, особено по вчерашното уверливо издание.

Флик како главен предводник на тимот нагласи дека имаат уште многу работа пред себе по триумфот во четвртфиналето, а дека играчите на Баерн не биле прееуфорично по историската лекција над Барселона сега откри и Карл Хајнц Румениге.

– Отидов во соблекуваланта по победата на Барселона и бев изненаден од тоа што го видов. Искрено, очекував момците да ја слават големата победа.

– Наместо тоа, тие беа многу смирени и концентрирани во секој поглед, веќе размислуваа за следниот натпревар кој следи во полуфиналето во Лигата на шампионите, – открива Румениге за „Скај Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни