Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Румениге: Баерн ќе сака да избегне два тима во четвртфиналето

Објавено

на

Баерн Минхен според сите аналитичари е во топ три фаворити за освојување на трофејот во Лигата на шампионите, но сепак најголеми шанси повторно му се даваат на Реал Мадрид кој е вистински крал во ова натпреварување.

Актуелниот европски првак на навистина уверлив начин се пласираше во четвртфиналето и повторно покажа дека е крајно сериозен тим, што прави да биде главен фаворит и во очите на легендата на баварскиот великан.

Карл Хајнц Румениге во повеќе наврати има изјавено дека Реал Мадрид е единствениот клуб кој е поголем од Баерн Минхен, но кога е во прашање битката за трофејот во Лигата на шампиони, додава дека како фаворит го гледа и Манчестер Сити.

Запрашан за ждрепката која ќе се одржи утре напладне во седиштетот на УЕФА, Румениге ги посочи токму Реал и Сити како тимови кои Баерн сигурно ќе сака да ги избегне во следната фаза од натпреварувањето.

– Не постои посакуван ривал во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Но, јасно е дека никој нема да ги сака Реал Мадрид и Манчестер Сити, тоа важи и за Баерн Минхен. Како и да е, сите останати тимови заслужуваат да бидат таму кадешто се и очекуваме интересна ждрепка, – изјави Румениге, поранешниот извршен директор на Баерн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни