Поврзете се со нас

Свет

Руи Коста потврдил дека ПСЖ ќе го добие големиот бисер на Бенфика

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/slbenfica_en

ПСЖ одамна работи на неколку важни трансфери во овој преоден рок, а иако е невообичаено што досега се засили само со голман, тоа ќе биде променето многу брзо.

Претседателот на Бенфика, Руи Коста им потврдил на медиумите дека клубот ги договара и последните детали за трансфер на талентираниот Жоао Невеш во редовите на францускиот првак, за што составот од Лисабон ќе добие сериозен импакт во клупската каса.

– Навистина е тажно што Жоао Невеш ќе замине, тој е веќе голем фудбалер, но не можеме да одбиеме понуда вредна 70 милиони евра.

– Едноставно е, не можеме да кажеме „не“, – изјавил прославениот португалски фудбалер.

ПСЖ ќе плати 60 милиони евра, додека останатите 10 милиони ќе бидат активирани преку разни бонуси.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни