Италија
Ругани казнет за возење во алкохолизирана состојба, државата му го заплени луксузниот автомобил

Даниеле Ругани периодов не беше во фокусот на италијанските медиуми поради фактот што во моментов настапува во редовите на Ајакс, но дефанзивецот вчера стана топ тема на таблоидите на „чизмата“.
Фудбалерот чиј матичен клуб се уште е Јувентус ја добил пресудата за сообраќаен престап направен во 2023 година, процес кој траел долго поради сите нивоа на можни жалби пред судовите, но конечно добил епилог во судот во Торино.
Ругани пред нецели две години бил сопрен од полицијата и било утврдено дека вози во алкохолизирана состојба, за што сега добил условна казна од шест месеци и парична казна од 2.000 евра.
Италијанскиот суд решил привремено да му ја одземе и возачката дозвола, а интересно е што Ругани ќе остане и без својот луксузен автомобил Масерати Леванте Трофео, кој е конфискуван и ќе биде продаден на лицитација.
Ругани имал опција веднаш да плати казна од 5.000 евра и да се поштеди од судскиот процес, но решил да тргне по овој пат за побрзо да му биде вратена возачката дозвола и можноста да управува со автомобил.
-
Формула 115 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија24 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија23 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија14 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија10 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија8 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства10 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)