Поврзете се со нас

Италија

Руди Гарсија заборави само едно важно име во својата проштална порака до Наполи (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Руди Гарсија издржа само неколку месеци во Наполи и постојано беше под константен притисок, кој на крајот не успеа да го издржи и резултираше со негов отказ на почетокот на месец ноември.

Французинот имаше тешка задача бидејќи го презема шампионскиот тим на Лучијано Спалети, а иако изминатово лето беше прв избор на Спалети од вкупно 50 тренери, фудбалот и газдата на Наполи ни покажаа дека ништо не трае долго во оваа игра.

Нетрпеливиот претседател на клубот се мислеше да го отпушти Гарсија уште пред еден месец, но сега и дефинитивно го остави без работа, па поради тоа можеби и не чуди што Руди воопшто не го споменува во неговата проштална порака до клубот.

– Ова не е начинот на кој сакав да кажам збогум до навивачите на Наполи кои ме поддржуваа од првиот ден во оваа моја авантура.

– На навивачите, на играчите и на луѓето блиски до првиот тим им благодарам за се и им посакувам се најдобро во Серија А и Лигата на шампионите, – гласи објавата на Гарсија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни