Поврзете се со нас

Италија

Руди Гарсија подели комплименти за Елмас по блесокот кој го имаше Македонецот во Салерно

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Елиф Елмас не ужива голема минутажа од стартот на сезоната и добива доста помалку шанси од Руди Гарсија, но супер вест беше тоа што Македонецот ја искористи онаа што ја доби вчера.

Откако беше изваден на полувреме на дерби пресметката со Милан, Елиф сигурно имаше голем мотив за докажување на следниот меч, а добра работа беше тоа што францускиот стручњак вчера му даде 30-тина минути во вториот дел.

Елмас со соло-мајсторија ја потврди победата против Салернитана и го постигна голот кој го реши прашањето за тоа кој ќе ги освои трите бода, па улогата на „џокер“ му донесе и пофални зборови од Руди Гарсија.

Тренерот на Наполи досега не можеше често да ја коментира играта на Елмас, но сега јавно го пофали македонскиот репрезентативец кој демонстрира посветеност и максимално залагање при секое влегување на теренот.

– Откако сум тука, првпат постигнавме гол во првите 15 минути и тоа ни ја олесни работата. Сепак, по првиот постигнат гол паднавме, а потоа имаше добри одбрани од Очоа.

– На крајот, вториот гол се покажа како пресуден за победата. Навистина сум среќен за Елмас, тој го заслужува ова. Мило ми е што Елмас и сите останати кои влегувата од клупата, секогаш се подготвени да му помогнат на тимот, – изјави Гарсија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни