Свет
Руди Гарсија му ја отвора вратата на Куртоа за враќање во репрезентацијата

Руди Гарсија својот последен тренерски ангажман го имаше во Наполи, а после серија невпечатливи епизоди на клупски план, Французинот реши да се префрли во селекторските води.
Искусниот фудбалски стручњак си подаде рака со водечките луѓе на белгискиот фудбалски сојуз и во иднина ќе биде селектор на „црвените ѓаволи“, откако претходно раководството му врачи отказ на Доменико Тедеско.
Покрај лошите изданија, Тедеско успеа да се раскара со Тибо Куртоа и направи ѕвездата на Реал Мадрид да се оддалечи од репрезентацијата, па токму поради тоа, сега една од првите мисии на Гарсија ќе биде да го врати извонредниот голман на голот на Белгија.
– Заедно со спортскиот директор разговаравме навистина многу долго за голманското прашање. Имаме многу квалитет на голот, но кога го имате најдобриот во светот, би било убаво да се врати на голот на Белгија.
– Првичните знаци се позитивни и јасно е дека Тибо ќе има шанса да се искаже. Сметаме на него, нашата врата е отворена за него, ќе видиме што ќе ни донесе иднината, – изјави Гарсија.
-
Шпанија23 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Лига на шампиони16 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Лига на шампиони15 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Италија21 час
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција22 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Англија24 часа
Сколс ги посочи најранливите позиции: Потребни се пет нови стартери во Јунајтед
-
НБА22 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Лига на шампиони12 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)