Поврзете се со нас

Италија

Руди Гарсија го откри вистинското лице на Де Лаурентис: Испадна дека не е џентлмен

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Аурелио де Лаурентис го избра Руди Гарсија како идеален наследник на Лучијано Спалети и му даде предност на долгата листа на која профилираа дури 50 имиња, но многу брзо дојде до сериозен заплет на ситуацијата и газдата на Наполи му врачи отказ на Французинот уште на средина на месец ноември.

Гарсија едвај се задржа пет месеци во Неапол и во тоа време се чинеше дека добива огромна поддршка од мандатарот на клубот, но сега самиот открива дека Де Лаурентис бил дволичен, односно постојано му се мешал во работата и не го оставал да работи по свои принципи.

– Мислев дека Де Лаурентис е џентлмен, но не е така. Знаев дека преземам ризик со тим кој го освои Скудетото, но голем беше предизвикот да се води Наполи и да се биде повторно дел од Серија А. Сакав дефанзивец како Агерд и силен играч за врска, не смеевме да мислиме дека ќе го повториме тоа што беше направено претходната сезона.

– Наместо тоа што го барав, донесовме играчи кои треба да дадат одговори во иднина. Испадна дека тоа што го барав јас беше вистинското, оваа сезона ги купија Бонџорно и МекТомини. Бев подготвен да му платам за да си ја гледа својата работа и да не ми се меша во мојата. Ми порача дека не може да ме штити ако не го слушам.

– Бараше да играм некој играч 45 минути, а да играм друг во второто полувреме. На 60-годишна возраст, не може да ми кажува кои играчи треба да ги играм. Ако ме оставеа, тимот можеби ќе завршеше на местата кои водат во Лига на шампиони, а не на 10-то место, – вели Руди Гарсија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни