Италија
Руди Гарсија: Главниот проблем на Наполи не е тактички

Руди Гарсија има тежок старт на авантурата во Наполи и веќе неговата работа се доведува во прашање, без оглед на тоа што во моментов се уште сме на почетокот на месец октомври.
Вчерашниот пораз од Фиорентина на домашен терен повторно донесе низа критики за Французинот од познатите медиуми во Италија, особено поради тоа што се прават споредби со сезоната која лани беше историска за Наполи.
Поразот од 1:3 повторно донесе некои чудни одлуки од тренерот на Наполи, кој за самата завршница реши да ги извади од игра Зиелински, Осимен и Лоботка.
– Чувствуваме горчина, фрустрација, ова е навистина лош резултат за нас. Најголем проблем за нас во овој момент се дефанзивните грешки. Првиот гол не смеевме да го примиме, потоа да дадовме гол, имавме шанса за 2:1, а потоа повторно лошо се браневме. Третиот гол го примивме бидејќи тргнавме сите во напад по израмнување. Не сме доволно агресивни во одбрана, се ви кажува статистиката која вели дека сме направиле само четири фаули.
– Не сметам дека лошите резултатит се производ на тактички грешки, се работи за нашиот менталитет. Мора подобро да се браниме и да го читаме противникот. Мора да бидеме поагресивни и попаметни, да правиме фаули на средина на теренот, а не кога ќе дојдат во опасна ситуација, – изјави Гарсија.
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 19 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Англијапред 22 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 21 час
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 18 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 5 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него