Поврзете се со нас

Италија

Руди Гарсија добива втора шанса: Следните четири меча ќе бидат клучни за иднината на Французинот

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Руди Гарсија има далеку од идеален старт на авантурата во Наполи и веќе неговата работа сериозно е доведена во прашање, па вчера дел од италијанските медиуми пренесоа дека Аурелио Де Лаурентис веќе бара замена за него.

Ако се земе во предвид каков човек е газдата на Наполи, тоа не е никакво изненадување, но последните вести од Неапол одат кон тоа дека Французинот сепак ќе добие втора шанса од претседателот на клубот.

Репрезентативната пауза доаѓа во добро време за Наполи после двата последователни порази на домашен терен (Реал и Фиорентина), а Руди Гарсија ќе игра за својата позиција во Наполи на првите четири меча кои ќе следат од викендот на 21-ви октомври.

Гарсија ќе ја преживее првата криза која ја има како тренер на Наполи и ќе добие прилика да ги исправи работите, но ако тимот потфрли и на следните четири меча, тогаш отказот ќе биде неизбежен.

Актуелниот италијански шампион има меч со Унион Берлин во Лигата на шампионите, но поважни ќе бидат изданијата во Серија А каде следат натпревари со Верона, Милан и Салернитана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни