Поврзете се со нас

АТП

Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…

Објавено

на

Foto:twitter.com/rolandgarros

Јаник Синер успешно го заврши настапот на Ју-Ес Опен и како носител број еден дојде до пехарот на последниот грен слен за оваа календарска година.

Овој пехар, успех на Италијанецот дефинитивно е многу значаен и има на тежина затоа што тој остана на земја, ментално силен по допинг аферата во која на крајот не беше казнет, па имаше многу коментари, реакции со основа или не, поточно мораше да го издржи периодот во кој имаше и напади од колеги/колешки.

Каспер Руд кој важи за еден од најдобрите светски тенисери имаше можност да проговори на актуелнава тема за ТВ2 во својата татковина и му даде поддршка на Синер.

-Прво мислев дека сигурно ќе биде казнет и дискриминиран, но се запознав со правилата и ако внимателно прочиташ ќе видиш дека немало никаква дискриминација. Синер направи добра работа да објасни сè во првите 15 дена по позитивниот тест и брзо стана јасно од каде е сè и што се случило.

-Нема многу спортисти кои успеваат да објаснат се во тие први 15 дена, но Јаник успеа. Во негова корист е што брзо разјасни сè и беше разумно, -рече Руд и застана во одбрана на Италијанецот.

-Ова е исклучително мала доза која дошла по контакт со кожата на другата страна и како што јас разбирам, лекарите кои се експерти во таа област го прегледале случајот и може да се верува на нивниот суд, -подвлече Норвежанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни