Поврзете се со нас

Англија

Руд се одјави со емотивно писмо до фановите на Јунајтед (Фото)

Објавено

на

foto:x.com/ManUtd

Руд Ван Нистелрој дозна неповолна вест во понеделникот и му беше соопштено дека нема место за него стручниот штаб на Рубен Аморим, па тоа значеше дека Манчестер Јунајтед мораше да му се заблагодари за неколкумесечната работа како помошник на Тен Хаг, а потоа и привремен менаџер.

Холанѓанецот оствари три победи и едно реми на четирите средби на кои го водеше тимот, а иако многумина гледаа логика да остане дел од тимот на Аморим, Португалецот не мислеше така и реши целосно да им се довери на свои луѓе.

Времето ќе покаже дали оваа одлука ќе го прогонува Аморим во првата фаза од етапата на „Олд Трафорд“, но пред да дојде до такво нешто, Ван Нистелрој реши да се одјави како џентлмен и да испрати порака до фановите на Јунајтед.

– Ова е обраќање до Манчестер Јунајтед како клуб, до персоналот кој е во позадина, до играчите и до навивачите. Сакам да ви се заблагодарам од дното на срцето за неверојатната поддршка. Беше привилегија и чест да се претставува овој клуб како играч, тренер и менаџер, и јас секогаш ќе ги негувам спомените кои ги минавме заедно.

– Манчестер Јунајтед секогаш ќе има посебно место во моето срце, се надевам дека многу скоро ќе следат многу славни денови на „Олд Трафорд“, не само поради тоа што го сакам клубот, туку поради фактот што навистина го заслужувате тоа. Ви посакувам се најдобро, чувајте се, – гласи емотивното писмо на Руд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни