Поврзете се со нас

АТП

Руд преку двојна програма до хет-трик во Женева (ВИДЕО)

Објавено

на

Каспер Руд е победник на АТП турнирот во Женева, турнир од серијата 250 на кој улогата на прв фаворит и носител ја имаше Новак Ѓоковиќ.

Србинот не ја потврди таа улога, односно него во полуфиналето го матираше Томас Махач, играч кој пак денеска доби лекција од Руд со 7-5 и 6-3.

Меѓутоа Норвежанецот пред да игра со Чехот многу се потроши во полуфиналето со Флавио Коболи кој пружи силен отпор, се играа три сета кои на крајот завршија со 1-6, 6-1, 7-6(4).

Ова за Каспер е трет пехар во Женева, вкупно 12 во кариерата со што на најдобар можен начин ќе го дочека настапот на Ролан Гарос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни