Поврзете се со нас

АТП

Руд пред финалето со Надал: Ќе се обидам да го направам она што никој не успеал

Објавено

на

Каспер Руд излезе како победник од полуфиналната пресметка против Марин Чилиќ која ја доби со 3-1 во сетови и на тој начин обезбеди влез во големото финале на Ролан Гарос што е негов најголем успех во кариерата.

Со ова Руд стана првиот Норвежанец кој се изборил за финале на грен слем турнирите, односно за титулата ќе се бори со неговиот идол Рафаел Надал. Надал е безмилосен во завршните мечеви на Френч Опен, но Руд се надева дека ќе испише нова историја и ќе биде првиот кој го добил Шпанецот во дуел за пехарот.

-Играњето на финалето на Ролан Гарос против Рафаел Надал е веројатно најголемиот можен предизвик во овој спорт. Тој има 13-0 во финалињата, а јас ќе се обидам да го направам тоа што никој не го направил 13 пати. Звучи како невозможна мисија, јас ќе излезам и уживам, но сепак верувам дека можам, -вели Каспер кој се надева дека неговиот резултат ќе придонесе неизмерно значење за тенисот во неговата земја.

-Се надевам. Иако, не поминувам многу време во Норвешка. Затоа што многу патувам, па немам онолку време колку што би сакал. Но, се надевам дека можеме да изградиме многу тениски објекти во Норвешка и да направиме спортот да расте, -порача финалистот на Ролан Гарос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни