Поврзете се со нас

АТП

Руд покажа класа во финалето и со фер-плеј потег ги освои срцата на тениските фанови (Видео)

Објавено

на

Каспер Руд загуби во второто грен слем финале оваа година и мораше да се задоволи со второто место на АТП листата, позиција која ја зазема од денеска по феноменалните две седмици кои ги имаше во Америка.

Норвежанецот доби стоечки овации од преполниот Артур Еш пред да излезе да го даде својот завршен говор за време на церемонијата на теренот, што најдобро говори каков впечаток остави Руд пред тениските фанови на Ју-Ес Опен.

Руд мораше да му подаде рака на Карос Алкарас кој беше подобар во финалето и кој ја освои својата прва грен слем титулата во кариерата, но сепак фер-плеј потегот од завршниот меч му припадна на Каспер.

Новиот светски рекет број два покажа вистинска класа уште кога се кршеше резултатот во првиот сет, поправајќи го судијата кој донесе погрешна одлука.

Руд призна дека топчето паднало двапати на земја пред тој да има контакт на рекетот и му го препушти поенот на Алкарас, кој остана воодушевен од потегот на ривалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни