Поврзете се со нас

Англија

Руд Гулит се отвори за отказот од Челси и откри дека најблискиот соработник „му забил нож во грб“

Објавено

на

Легендарниот холандски прославен фудбалер, а потоа и стратег, Руд Гулит се отвори за времето поминато во редовите на Челси.

Холанѓанецот пред 25 години како слободен играч се пресели на „Стемфорд Бриџ“ откако неговиот договор со Сампдорија дојде до самиот крај.

По само една година помината во Челси, Гулит беше назначен како играч менаџер заменувајќи го Глен Ходл кој тогаш ја презеде селекцијата на Англија.

На 33 години и прва сезона како тренер, Гулит му го донесе ФА Купот на Челси, а на првенствената табела завршија на шестата позиција.

Потоа тој во клубот ги днесе Џанфранко Ѕола, Џанлука Вијали, Роберто Ди Матео и Франк Лебеф, играчи кои оставија длабока трага во клубот.

Во февруари, 1998 година, шест месеци од втората сезона на Гулит на чело на Челси, клубот беше втор на табелата и беше во четвртфиналето во Купот на победниците на куповите. Тогаш работите се променија, па Гулит експресно доби отказ со образложение на управата дека имал преголеми финансиски барања.

Сега во колумна за „БиБиСи“ Гулит се отвори и откри за отказот кој го добил во Челси. Холанѓанецот потврди дека се чувствувал многу лошо кога разбрал дека неговиот прв соработник, Гвин Вилјамс му „забил нож во грбот“.

– Денот пред да добијам отказ играв голф со еден од моите тренери, Гвин Вилјамс и неколку игрчаи меѓу кои и Ѕола и Хичкок. Се обидував да стапам во контакт со Лаудруп, но не можев да го добијам и тоа беше чудно.

– Испадна дека Гвин, кој беше еден од моите најблиски пријатели и кој ми помогна многу знаел точно што ќе се случи, односно дека ќе бидам отпуштен.  Тој само си играше голф со мене и ме одвратуваше од намерите за да биде сигурен дека нема да одам на местата на кои е Лаудруп.

– Тоа што бев отпуштен беше ужасно искуство и немаше причина да го сторат тоа што го сторија. Направија фама дека сум имал преголеми барања, а тоа беше чиста глупост, -напиша Гулит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни