Поврзете се со нас

АТП

Руд: Го победив Ѓоковиќ како број еден, Синер е фаворит, но…

Објавено

на

Каспер Руд со две победи од која едната над Карлос Алкарас ја мина групата на АТП завршниот турнир во Торино и сега за место во големото финале ќе се бори против Јаник Синер.

Синер е играчот со најконстатна форма, најдобри резултати во 2024 година, ас кој е прв на листата и кој игра пред својата публика, но Руд ќе се обиде да му ги „замрси сметките“ иако признава дека противникот е фаворит.

-Kако да заборави како се губи. Јаник е најдобар во светот цела година, заслужува да ја заврши сезоната на врвот. Тој игра неверојатен тенис цела оваа недела, нема загубено сет. Ако сакам да имам шанса, знам дека треба да играм најдобро што можам, подобро отколку што играм цела година. Веројатно ќе биде мојот најтежок натпревар во 2024 година. Но ќе биде и голем предизвик. Не се игра секој ден против бројот 1.

-Последен пат играв против број еден во Монте Карло и го победив Новак Ѓоковиќ. Барем сега го имам тоа искуство. Сега знам дека се е можно. Ќе бидам аутсајдерот, но ќе дадам се од себе.

-Секој натпревар е различен, успесите во минатото не значат дека ќе играте добро во иднина. Јаник имаше слободен ден, па тоа ќе биде и негова предност, бидејќи доцна го завршив натпреварот. Ќе биде фаворит, но ќе има и поголем притисок на грбот бидејќи игра на домашен терен. Од друга страна, се чини дека тоа не му пречи многу. Како да заборави дека губи, -порачува Норвежанецот.

Мечот е закажан за вечерниот термин од 20:30 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни