Поврзете се со нас

АТП

Руд го искористи помрачувањето на Рубљов и закажа финална пресметка во Торино

Објавено

на

Foto:twitter.com/atptour

Каспер Руд има сезона за паметење без оглед на тоа како ќе заврши утрешниот меч против Новак Ѓоковиќ, бидејќи по двете финалиња на Ролан Гарос и Ју-Ес Опен, Норвежанецот ќе игра и во финалето на завршниот Мастерс турнир.

Тенисерот кој забележа страшен напредок во последните две-три сезони дефинитивно го игра најдобриот тенис во кариерата, а иако ќе влезе како апсолутен аутсајдер во утрешното финале со Ѓоковиќ, судејќи по неговиот менталитет, сигурно ќе го даде најдоброто од себе.

Руд заврши како прв во својата група и вечерва покажа дека во моментов е подобар тенисер од Андреј Рубљов, кој имаше тениско помрачување во полуфиналето во Торино.

Русинот поведе со 2:1 во првиот сет, но потоа Руд направи неверојатна серија од 9:0 во гејмови и практично дојде на прагот од победа. Предноста од 6:2 и 4:0 изгледаше како преголема позитива, што така и се покажа и покрај тоа што Рубљов успеа да го ублажи поразот со добиени четири гејма во вториот сет (6:4).

Руд во своето прво финале на завршниот Мастерс ќе ја брка својата прва титула, додека Новак ќе го брка рекордот на Федерер кој е единствениот со шест титули на турнирите на кои играат најдобрите осум тенисери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни