Поврзете се со нас

АТП

Рубљов спаси две меч топки и победи со неверојатен поен: Како да ми стави некој пиштол на глава (Видео)

Објавено

на

Андреј Рубљов по седми пат во кариерата ќе игра во едно четвртфинале на грен слем турнир, откако денеска ја доби трилер-драмата со Холгер Руне.

Младиот Данец дефинитивно има за што да жали поради шансите кои ги пропушти во одлучувачкиот петти сет, бидејќи му дозволи на противникот да се врати дури во три наврати.

Руне водеше 5:2 во гејмови во петтиот сет, потоа не реализираше и две меч топки, а не му беше доволна ниту позитивата од 5:0 и 7:3 во одлучувачкиот супертајбрејк.

Рубљов успеа да го преживее сето ова и смогна сили за да режира незаборавен пресврт, кој на крајот беше комплетиран со неверојатен поен за кој имаше огромна среќа.

Двете спасени меч топки и начинот на кој се врати во супертајбрејкот го фрлија во бунило и самиот Рубљов, кој по мечот порача дека при голема негатива играл како некој да му вперил пиштол во глава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни