Поврзете се со нас

АТП

Рубљов со пцовки за судија, заработи дисквалификација на турнирот во Дубаи (Видео)

Објавено

на

Андреј Рубљов остана без финалето на турнирот во Дубаи, откако неговото однесување на теренот го чинеше дисквалификација и победа за противникот Александар Бублик.

Рубљов и Бублик играа тежок меч во кој првите два сета беа решени со тај-брејк, а во третиот резултатот беше 6:5 кога рускиот тенисер реши да покаже колку е лут во лицето на еден од линиските судии.

Судијката на стол го повика супервизорот на турнирот, а овој побара асистенција од еден руски судија, кој потврдил дека Рубљов користел пцовки при покажувањето на незадоволството за одлуката за една топка.

Супервизорот го прекина мечот и му ја потврди победата на Бублик, а Казахстанецот во финалето ќе се соочи со Иго Умбер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни