Поврзете се со нас

АТП

Рубљов се удираше со рекет пред да испадне во првото коло на Вимблдон, фановите го советуваат да посети психолог (Видео)

Објавено

на

Андреј Рубљов самиот вели дека никој не сака да биде во неговата глава кога работите не одат онака како што замислува на теренот, а познатиот руски тенисер вчера имаше нов момент на помрачување во првата рунда на Вимблдон.

Шестиот фаворит доживеа шокантна елиминација уште во воведната рунда на тенискиот грен слем во Лондон и разочара со изданието, што автоматски беше искористено од анонимниот аргентински тенисер, Франсиско Комесана.

Рубљов загуби со 3:1 и се спакува во првото коло на најпрестижниот тениски турнир, а големиот шок беше проследен и со голема нервоза на теренот.

Андреј не можеше да ги контролира емоциите во моментите кога играше максимално деконцентрирано, па одново го видовме во епизода во која си нанесува штета сам на себе.

Русинот силно се удираше во рекетот и повторно ризикуваше да си нанесе повреда, па дел од фановите на социјалните мрежи го советуваат дека е крајно време да посети спортски психолог и да ги реши „бубачките во главата“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни